Здравко Чолиќ како дете: Досега необјавена фотографија од детството на најголемата музичка ѕвезда

Здравко Чолиќ како дете: Досега необјавена фотографија од детството на најголемата музичка ѕвезда

На социјалните мрежи се споделува фотографијата од детството на неприкосновената пејачка легенда...

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот, а познато е и дека не сака претерано да зборува за својот приватен живот, па така и на социјалните мрежи никогаш не споделува фотографии од своето секојдневие.

Сега на една Фејсбук страница се појави негова фотографија од детството, која настанала во 1962 година, на која Здравко е мало момче.


Инаку, Здравко своевремено зборуваше дека имал среќно детство и дека го памети по убави моменти.

„Бевме многу среќно семејство иако живеевме од една плата, на татко ми. Тој работеше во државна служба , па не можевме да го обележуваме Божиќ во тоа време на начин на кој тоа се прави денес, но затоа секогаш со радост го чекавме млекарот од селото кај кој празникот се обележуваше по сите обичаи и кој ни носеше млеко и божиќни подароци.“

„Паметам дека се собиравме во Требиње кај баба и дедо додека не тргнавме во училиште и дека добивавме подароци од роднините, приајтелите и соседите. Поинакво време беше тоа, луѓето беа безгрижни, па со самото тоа и поотворени едни кон други. Се довикуваа преку улица на кафе или ручек, спиеја едни кај други, се радуваа и тагуваа заедно. Тоа, за жал, денес се промени“ - зборуваше пејачот.


Можеби ќе ве интересира: