Здравко Чолиќ за натписите дека ќерка му украла 20.000 евра од сефот: Сѐ е апсолутна лага
Откако низ српските медиуми се рашири веста дека ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, од сефот татко ѝ украла 20.000 евра за да му купи автомобил на момчето, натписите ги демантираше и самиот пејач, кој на медиумите им се обрати преку својот ПР тим.
„На овој начин на семејството му е нанесена голема штета, а на овој начин ви се обраќаме за го сопреме ширењето на лажните вести и да апелираме на сите медиуми да не учествуваат во креирањето на невистинити информации, кои во прв план ставаат незаштитени поединци и личности кои не се од јавниот свет, како што во овој случај е ќерката на Здравко Чолиќ“ - напишаа при обраќањето, кое го пренесува „Блиц“.
„На овој начин истакнуваме дека веста за наводното исчезнување на парите во куќата на Здравко Чолиќ е апсолутна лага. Сите медиуми кои ја пренесоа веста без претходно да проверат, ќе бидат санкционирани со сите расположливи правни средства.
Здравко Чолиќ никогаш на овој начин не комуницирал со медиумите. Сепак, кога е семејството во прашање, мора да се почитува одлуката за приватност, земајќи ги предвид сите морални и човечки кодекси“ - порачаа.
За потсетување, Уна Чолиќ набрзо по пласирањето на веста, на својот Инстаграм ја демантираше истата.
„Би требало да се срамите, за ова следува тужба“ - напиша таа.
фото: Принтскрин / Инстаграм