Желбата на обожавателите е остварена: Поп ѕвездата Дуа Липа пристигнува во ФИФА 21

Желбата на обожавателите е остварена: Поп ѕвездата Дуа Липа пристигнува во ФИФА 21

Лицето на познатата пејачка наскоро ќе засвети во оваа позната фудбалска симулација...

Дали некогаш сте сонувале дека ликот на познатите поп ѕвезди ќе се појават во вашата омилена игра? Епа, тој сон наскоро ќе ви се оствари. Сигурни инсајдери кои ги истражуваат внатрешните досиеја на самата игра FIFA 21, направија едно многу интересно откритие.

Имено, постојат големи шанси дека во играта наскоро ќе видите познати личнист, како што се возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, поп пејачката Дуа Липа и познатиот фудбалер и бизнисмен Дејвид Бекам. Своите откритија ги изнесоа во јавноста преку објава на Твитер.


Тоа не е сѐ. Инсајдерите со заедницата го споделија и изгледот на самите модели на познатите личност, кои изгледаат феноменално! Се гледа дека развојната компанија на FIFA 21, Electronic Arts, дефинитивно се потрудила за поверодостојно да ги прикаже овие ѕвезди. Дури добивме и помалку комично споредување со некои застарени модели.


Овие ликови ќе се појават исклучи во FIFA 21 Volta mode, кој ви нуди можност да ги одмерите силите со познатите личности од светот на музиката, спортот, модата и пошироко.

Се уште не ни е познато кога овие ѕвезди ќе пристигнат во играта, но веруваме дека ќе биде што поскоро.


Можеби ќе ве интересира: