Желбата за успех најголем мотив за да се натпреварува: Интервју со Мими Јовановска, велешанката која го освои Балканот

Желбата за успех најголем мотив за да се натпреварува: Интервју со Мими Јовановска, велешанката која го освои Балканот

Објавена во: Stars // Интервјуа

Мими Јовановска е девојката од Велес, која пред неколку месеци го освои целиот Балкан на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Имено, оваа 20 - годишна девојка која е студент на Филозофскиот факултет најпрво поддршка доби од познатиот музичар Џенан Лончаревиќ, кој всушност прв го препозна нејзиниот талент и одбра да биде нејзин ментор во натпреварувањето.

За тоа колку вреден ученик е оваа млада девојка, говори и фактот што на второто појавување во натпреварување ја воодушеви публиката, но и сите членови на жирито. Овој успех беше предуслов за накратко да поразговараме со Мими, која со задоволство откри од кој го има наследено музичкиот талент и кој и е најголема поддршка.

# На колку години го откри твојот талент за пеење? Кој го препозна истиот?

Со пеење се занимавам од најрана возраст, најпрво во училишните хорови, а потоа продолжив во средното музичко училиште во Штип. Мојот талент за пеење го откри мојата мајка, која секогаш била моја поддршка.

# Има ли некој член од семејството од кој го наследи талентот или си прв музичар?

Во моето семејство од страна на мајка ми сите се музички талентирани, меѓутоа никој професионално не се занимавал со музика.

# Имаш ли некој идол од познатите музички ѕвезди, некој на чија кариера се воодушевуваш?

Инспирација добивам од сите квалитетни музички вокали.

# Кој музички жанр го препочиташ?

Слушам секаков вид на музика, меѓутоа најмногу се пронаоѓам во народната музика од Балканот.

# Македонската публика, но и балканската те запозна на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Што те поттикна да се пријавиш на ова музичко натпреварување?

Да се пријавам на ова натпреварување единствен мотив ми беше големата желба за успех.

# Твој ментор во натпреварувањето е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ. Како е да се соработува со него?

Џенан е еден пред сѐ прекрасен човек. Тоа што тој ми го пренесува неговото знаење е одлично. Чест ми е што соработувам со него и секако што е мој ментор.

# Поради коронавирусот натпреварувањето за натпреварувачите од другите држави беше ставено на пауза. Комуницираш ли сега со менторот и дали се подготвуваш за продолжението на натпреварувањето?

Цело време сме во комуникација со Џенан, заедно ги бираме песните со кои ќе се претставам во наредниот круг. Снимањето би требало да продолжи од 15 септември, секако доколку дозволат околностите.

# Иако имаше само два настапи досега, имаш ли некоја посебна случка што би сакала да ја прераскажеш?

Најголем впечаток за мене остави настапот на вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“, каде што многу големи музички имиња дадоа позитивни коментари за мене.

Видео од настапот на Мими:

# Од кој ја добиваш најголемата поддршка?

Покрај поддршката од мојата мајка, најголема поддршка исто имам и од мојот партнер Филип,  кој е дел од музичката фела и е најдобар критичар.

# Каде се гледаш за 10 години?

За 10 години се гледам на голема музичка сцена.

# Кој хаштаг најчесто го користиш?

#singer #music

*Ивана Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: