Земете го вашето магично стапче: Вирална „соба за бегство“ испирирана од Хари Потер

Земете го вашето магично стапче: Вирална „соба за бегство“ испирирана од Хари Потер

Социјалната изолација трае малку повеќе од она што очекувавме, па затоа веруваме дека полека ти недостасуваат идеи за тоа како да се забавуваш за време на карантинот и не знаеш што да правиш освен да читаш книги, гледаш филмови и да следиш што се објавува на Интернет.

Порталот Hello Giggles има одличен предлог за тоа, а особено дека ќе им се допадне на сите обожаватели на волшебникот Хари Потер. Можеби не можеме да добиеме вистинско писмо од Хогвартс и да отпатуваме во училиштето на малите волшебници, но сепак можеме барем вирално да се најдеме во тој магичен свет.

Имено, вработените од книжарницата Peters Township Public Library ја смислија дигиталната Хари Потер „соба за бегство“ (escape room), која ќе те однесе директно до Хогвартс. Барем во светот на Интернетот. Секако, ова е одлична забава додека деновите ги поминувате дома.

Проектот започнува со твоето откритие дека си прва година во Хогвартс и мора да гледаш исечочи од филмовите за Хари Потер, одговарајќи на прашања, решавајќи загонетки и завршување на предизвиците кои се поврзани со откривање на магиите и ракување со волшебните пари.

Оваа вирална авантура е апсолутно бесплатна, а се што ви е потребно е интернет конекција, удобна фотеља и секако - знаење за филмовите и книгите за најпознатиот млад волшебник на светот.

Исто така, на Јутјуб е објавено видео кое подобро ќе ти долови за што станува збор и ќе ти објасни, чекор по чекор, како и ти да станеш дел од оваа магична приказна.


Кога ќе тргнеш во авантура?

Можеби ќе ве интересира: