Жената која го освои регионот во „Никогаш не е доцна“ доживеа несреќа: 93 - годишната Добрила е тешко повредена

Жената која го освои регионот во „Никогаш не е доцна“ доживеа несреќа: 93 - годишната Добрила е тешко повредена

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Добрила Ивановска- Чабриќ од Дојран, пред неколку години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград. Тогаш го освои целиот регион со својот ведар дух, поради кој никој не ѝ веруваше дека има толку години.

Жената која е вистински доказ дека годините се само бројка, вчеравечер доживеа стравична несреќа. Имено, Добрила управувајќи го своето возило, излетала од патот на магистралата Ресен - Охрид, пишува centar.mk.

Според полицијата 20:40 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од патот, при што возачката е повредена и итно пренесена во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид.

Засега нема официјални податоци за нејзината состојба.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: