Жените ги менувал како чорапи, а таа ставила крај на тоа: Сопругата на „Ѕверката“ е 27 години помлада од него?

Жените ги менувал како чорапи, а таа ставила крај на тоа: Сопругата на „Ѕверката“ е 27 години помлада од него?

Објавена во: Живот // Живот

Актерот познат по прекарот „Ѕверката“, инспириран од серијата „Сексот и градот“ во која глумеше, кој е обинет за силување, веќе долги години е во брак со жената која го променила неговиот живот...

Актерот Крис Нот кој во хит остварувањето „Сексот и градот“ го глуми ликот на „Ѕверката“, исто како неговот лик во серијата и во приватниот живот бил вистински заводник.

Слободно може да се каже дека ги менувал жените како чорапи, сѐ додека во неговиот живот не влегла убавата Тара, која ја запознал додека држел бар во Њујорк. Убавата бариста му паднала во око и многу брзо почнале да се забавуваат, а 10 години подоцна, односно во 2012 година, се венчале на тајна церемонија.

фото: SHUTTERSTOCK

Три години порано го добиле првиот син Орион, а во 2020 година следувала уште една принова, синот Китс.

Познатата двојка ретко се појавува заедно во јавноста, а сега по подолго време се уловени на некоја свеченост. Поводот била премиерата на продолжението на серијата „Sex and the City: And Just like that...“, а на црвениот тепих насмеано позирале пред насобраните фотографи.

фото: SONIA MOSKOWITZ GORDON / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Убавата Тара која инаку има филипинска, африканска и американска крв блескаше во краток кимоно фустан и сребрени сандали, а целиот изглед го имаше заокружено со романтични локни и нежна шминка, додека Ѕверката за оваа прилика носеше тегет костим.

Двојката за целото време била расположена, а како што и самите кажуваа во повеќе интервјуа, се трудат својата интима ја држеа подалеку од медиумите. Меѓутоа, сепак во една прилика открија дека на почетокот многу се карале, се разделувале и смирувале. Сега сето тоа е зад нив и уживаат во мирниот и хармоничен живот.

фото: TOPFOTO / TOPFOTO / PROFIMEDIA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: