Жените, карциномот на дојката и Приватното здравствено осигурување: Што сé треба да знаете?
Ракот на дојката претставува малигно заболување штонајчесто се карактеризира со неконтролиран раст на клетките на дојките оштетувајќи ги околните здрави ткива. Овој вид рак е најчестиот дијагностициран канцер кај женската популација. Секоја осма жена во текот на животот ќе биде соочена со ова заболување. Податоците се поразителни затоа што ракот на дојката е најчеста причина за смрт кај жените, а смртноста од рак на дојката е повисока во земјите со низок и среден приход, додека во развиените земји смртноста е пониска.
Од карцином на дојката можат да се разболат и младите и возрасните. Според Институтот за јавно здравје, бројот на заболените и починатите жени од рак на дојката се зголемува со возраста, значително по 45-тата година од животот, а најчесто над 50-годишна возраст.
Во месец октомври, кој е посветен на свесноста за ракт на дојката потсетуваме зошто превентивните прегледи значат живот. Треба да се знае дека ракот на дојката може да се излекува доколку е откриен во рана фаза со поставена правилна терапија за третман. Токму затоа целото општество прави сериозни чекори заподигнување на свеста за грижата за сопственото здравје, за внесување здрава и разновидна исхрана, за физичка активност, за редовни лекарски контроли, како и за едномесечни самопрегледи на дојката.
Превенцијата е клучна зазачувување на здравјето поради тоа што 90% од дијагнистицираните пациенти можат да ја надминат болеста доколку е откриена на самиот почеток, во првата фаза. Редовните лекарски контроли имаат најважна улога затоа што преку здравствени прегледи ракот може да биде превениран, да не дојде до заболување, но исто така, преку превентивни контроли ракот може да биде дијагностициран во рана фаза, а правилната терапија може да доведе и до целосноизлекување.
Сепак, пациентите, често незадоволни од задолжителното здравствено осигурување бидејќи не може да ги задоволи сите нивни потреби, бараат алтернативни решенија. Соочувајќи се со многубројни предизвици на здравствените системи, како што се проблемите при закажување лекарски преглед, недостигот од термин за здравствена услуга, мамографија, терапија итн, Кроација осигурување - неживот воведе CROCARE пакети за доброволно здравствено осигурување , кои овозможуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување.Најважно е што, во рамките на овие пакети, осигурениците имаат право и на превентивна нега којашто, според опишаното погоре, може да биде од круцијална важност.
Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување. Посебна предност кај овој тип здравствено осигурување е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.
Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Стартните пакети CROCARElite и CROCARElite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE,како дополнување на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+, како дополнување на основниот пакет,овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy, како дополнување на основниот пакет, ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.
CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и за болничко лекување низ цела Европа.
* ПР - објава