Згодниот грчки принц има 20 години, а веќе е вистински заводник: Живее во Њујорк и сонува за актерска кариера

Згодниот грчки принц има 20 години, а веќе е вистински заводник: Живее во Њујорк и сонува за актерска кариера

Објавена во: Совети // Семејство

Роден е во Њујорк, израснал во Лондон, а денес повторно е во родниот град во потрага по актерска кариера...

Грчкиот принц Ахилеас - Андреас е трето дете од петте деца на принцот Павлос и принцезата Мари Шантал. 

Веќе на прв поглед е јасно дека младиот кралски наследник не е обичен тинејџер. Тој припадник на грчко - данското кралско семејство и во многу аспекти од животот ја почутува традицијата и обичаите.


Роден е во Њујорк, каде неговите родители одличиле да живеат по венчањето. Потоа се отселиле во Лондон со цел на своите деца да им обезбедат подобро школување.

Покрај него, парот ги има и 24 - годишната принцеза Олимпија, 21 - годишниот син Константин - Алексиос, 15 - годишниот Одисеас - Кимона и 12 - годишниот Аристидис - Ставрос.

По повеќегодишниот живот во Велика Британија, во кој младиот принц се дружел со благородништвото, но и со децата на познатите личности, кралското семејство ги спакувало куферите и се вратило во Америка.

Денес три од петте деца на ова семејство студираат на престижните њујоршки универзитети.

Принцот Ахилеас - Андреас студира на Универзитетот Њујорк, а вопоследно време покажува голем интерес за глумата. Благодарејќи на својот талент, веќе бил дел од неколку проекти, меѓу кои ангажманот во серијата „The Bold and the Beautiful“, во која глуми со својата тетка, принцезата Теодора, сестрата на принцот Павлос.

Младиот принц веќе има во план нова улога - во научнофантастичниот филм „Light Warriors“.

Како и бројни негови врсници и грчкиот принц е активен на социјалните мрежи и редовно со своите следбеници ги споделува секојдневните активности.

Неодамна го прослави својот 20 - ти роденден, а кралското семејство му подготви роденденска забава, а како подарок доби тапани, кои ги сакал веќе долго време, за да може да работи на уште еден свој скриен текст.


Ова кралско семејство, летото традиционално го поминува во Грција, во која младиот принц се релаксира. Ужива во тамошниот амбиент, атмосфера, храна, море и пијалоци.


Зимата е резервира за скијање со пријателите, а ова момче одвреме навреме сака да оди на лов, активност која со векови е омилена помеѓу припадниците на кралското семејство.

View this post on Instagram

This Is Africa

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on


Иако често е окружен со разни убави девојки, меѓу кои и Лила Грејс, ќерката на познатата манекенка Кејт Мос, овој млад заводник е се уште сингл.

Поради својот изглед е привлечен за врсничките, но тој време повеќе сака да го поминува во друштво на постариот брат и сестрата Олимпија.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: