Зимско сметање на времето 2021: Еве кога ќе го поместиме часовникот и како тоа ќе влијае на нашето здравје

Зимско сметање на времето 2021: Еве кога ќе го поместиме часовникот и како тоа ќе влијае на нашето здравје

Објавена во: Живот // Живот

Зимско сметање на времето 2021: Еве кога ќе го поместиме часовникот и како тоа ќе влијае на нашето здравје

Зимското сметање на времето започнува на 31 октомври во 3.00 часот кога ја поместуваме стрелката во 2.00 часот. Поместувањето на часовникот може да има последици по нашето здравје, но доколку се подготвиме полесно ќе го поднесеме.

Поместувањето на часовникот сепак ќе се случи оваа година. Велерва, или утрово на 31 октомври започнува зимското сметање на времето. Во 3 часот часовникот треба да се помести еден час наназад со што ќе „добие“ уште еден час. Иако се водеше многу дебата за тоа дали е неопходно зимско и летно сметање на времето, укинувањето нема да се случи годинава.

Со движењето на часовникот во текот на летните денови се обезбедуваше значително намалена потрошувачка на енергија, но денес таа заштеда е помала, а последиците што поместувањето на часовникот ги има врз здравјето се поголеми. Има се повеќе докази дека поместувањето на часовникот од летно во зимско сметање на времето и обратно може да остави сериозни последици по здравјето на организмот.

Поместувањето на стрелките на часовникот го нарушува и нашиот внатрешен часовник

Д-р Џозеф Такаши и неговиот тим го открија генот што го диктира нашиот внатрешен часовник уште во 1997 година, објави Медицинскиот центар Југозападен Универзитетот во Тексас. Со помош на ваквите гени, секоја клетка во нашето тело го следи времето, што значи дека нарушувањата во секојдневната рутина можат да ја нарушат нивната рамнотежа. Стресот предизвикан од поместувањето на часовникот може да предизвика несоница, а со тоа и конфузија, па дури и проблеми со меморијата.

Расположение и депресија

Во текот на есента и зимата, повеќето од нас поминуваат повеќе време во затворени простории. Кога ќе завршиме со работното време, нè пречекува темнина, што значи дека поминуваме помалку време на сонце и на тој начин произведуваме помалку витамин Д. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со депресија, замор, лошо расположение, но и послаби коски и мускулна болка.

Недостигот на дневна светлина што го носи зимското сметање на времето може да доведе до бројни психички проблеми, но и сезонска депресија. Еден дополнителен час дневна светлина што го имаме на летно сметање на времето ни значи многу, и за расположение и за здравје.

Помалата дневна светлина не прави поуморни

Штом сонцето ќе почне да заоѓа, нашето тело почнува да произведува мелатонин. Мелатонин е хормон кој нè прави повеќе уморни, па затоа спиеме, што е корисно кога сакаме да си легнеме, но никако не е пожелно да се случи додека се уште сме на работа. Истражувањата покажаа дека зимското сметање на времето предизвикало 11% повеќе депресивни епизоди по поместувањето на часовникот, што покажува колку сончевата светлина ни помага да го одржиме менталното здравје.

Можеме да се подготвиме за промена на часовникот, односно за зимското сметање на времето

Исто така, постојат неколку начини како да се подготвите за поместување на часовникот и како да го дочекате што побезболно. Клучот е да ги правите сите ваши секојдневни навики неколку дена пред да го поместите часовникот 10 до 15 минути подоцна за да го олесните преминот кон зимско сметање на времето, советува Sleep Foundation.

Исто така, би било добро неколку дена пред и по поместување на часовникот да се консумира помалку кофеин кој го нарушува сонот, но и да поминеме малку време во природа, односно да сме изложени на сончева светлина. Ако телото се подготви за новиот ритам, полесно ќе се прилагоди на движењето на часовникот.


Фото: фреепик

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: