Ѕирнете во домот на Кендал Џенер: Просторијата која го одзема здивот ја користи за опуштање

Ѕирнете во домот на Кендал Џенер: Просторијата која го одзема здивот ја користи за опуштање

Објавена во: Совети // Семејство

Антиквитети и светлосни инсталации, златна када и дрвена маса - има многу детали во домот на познатиот модел кои го привлекуваат вниманието, но една просторија особено воодушевува...

Електричниот дом на Кендал Џенер не е она што би го очекувале од еден од најпознатите и најдобро платени модели на светот, кој има израснато пред камерите на реалното шоу.

За разлика од домовите на нејзините сестри, кои имаат многу сјајни мермерни површини и минималистички мебел, куќата на Кендал Џенер е карактеристична по разновидните текстури и топлите тонови.

Таа ја отвори вратата од својот дом, кој го уреди со помош на дизајнерите Кејтлин и Томи Климентс, за најпознатиот магазин за уредување на домови.

Иако нејзиниот стил е поприземен и по малку боемски, таа сепак зачува нешто од гламурозниот живот, па така две од петте соби ги претвори во гардеробер и просторија за средување, односно разубавување.


Бидејќи навистина не сака да организира големи забави, но претпочита да се дружи во интимна средина, гледајќи кошаркарски натпревари, удобноста ѝ беше на прво место.


Постојат многу детали кои го привлекоа нашето внимание - камената маса со мазни органски линии која моментално е „ин“, кога е мебелот во прашање, како и камениот мијалник со нагласена текстура, златен сјај, но и неколку уметнички дела од современи уметници како Трејси Емин, Барбара Кругер и Ричард Принс.



Но, она што најмногу не изненади и воодушеви беше студиото. Кендал некогашната соба за гледање филмови ја претвори оаза за нејзиниот омилен начин за опуштање - сликањето. Шик собата со многу светлина, која влегува од големите прозорци и необичниот килим дефинитивно ја инспирираат.




Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: