Ѕирнете во станот на синот на Брена вреден 600.000 евра: Неверојатен поглед од 40-ти кат, луксуз на сите страни (ФОТО)

Ѕирнете во станот на синот на Брена вреден 600.000 евра: Неверојатен поглед од 40-ти кат, луксуз на сите страни (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Иако Брена никогаш официјано не потврди дека купила луксузна недвижнина, Виктор сега го потврди тоа преку своите објави...

Балканската ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ пред една година купија цел спрат од луксузната кула во една од најелитните населби во Нов Белград, за која наводно платиле дури 600.000 евра, а нивниот наследник Виктор сега за првпат покажа делови од станот.

Иако Брена никогаш официјано не потврди дека купила луксузна недвижнина, Виктор сега го потврди тоа преку своите објави.

Најмладиот Живојиновиќ на својот Инстаграм профил најпрво го објави нереалниот поглед од 40-от кат, каде се гледа цел Нов Белград, а посебен акцент стави на заоѓањето на сонцето и реката Сава.

Тој потоа објави дел и од луксузно опремениот пентахаус, дел од дневната соба, која покрај ситните детали, главно ја красат урбани уметнички дела. 

Дека Виктор станот го уредил по своја мера, говорат и деталите, па така влезот во дневната соба го краси огромна фотографија од Тајсон, направена во урбан стил.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: