Живее во замок, има милиони, а јавниот живот не ја интересира: Како изгледа денес ќерката на Драгана Мирковиќ? (ФОТО)

Живее во замок, има милиони, а јавниот живот не ја интересира: Како изгледа денес ќерката на Драгана Мирковиќ? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на фолк ѕвездата конечно реши да го отвори Инстаграм профилот и со следбениците да сподели детали од приватниот живот...

Ќерката на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, 20-годишната Мануела отсекогаш зборувала дека не сака да биде дел од јавната сцена и нејзините фотографии да не може да се најдат на социјалните мрежи. Родителите ја почитуваат нејзината желба, но јавноста и покрај тоа едвај чека да слушне што ново се случува во животот на децата на пејачката.

Сепак, Мануела одлучи дека повеќе не сака да живее повлечено, па потклекна пред трендовите и го отвори својот профил на Инстаграм.

Ќерката на Драгана Мирковиќ израсна во преубава девојка, а нејзината црна коса, полни усни и крупни очи се доказ дека е копија на мајка ѝ.

Мануела обожува да патува, за што сведочат и бројните фотографии од луксузни светски дестинации.

Драгана Мирковиќм која поседува милиони и во Австрија живее во замок, призна дека нејзините деца се многу скромни. Посебно е интересно тоа со што нејзината ќерка се занимава и покрај богатсвото кое семејството го има.

„Моите деца се најнормални деца на светот, имаа многу нормално детство и беа одлични ученици. Марко студираше економско право, а интересно е што Мануела додека го завршуваше средното образование, работеше на рецепција во „Риц““ - кажа Драгана во емисијата „Први ред“ и пријатно ги изненади сите.




фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: