Живеевме во кампер, никогаш не ја исплакав доволно: Рада Манојловиќ сè уште тагува за покојната мајка

Живеевме во кампер, никогаш не ја исплакав доволно: Рада Манојловиќ сè уште тагува за покојната мајка

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката ракажа дека нејзиниот татко работел на пазар и дека таа за да заработи морала да почне да пее девет дена по погребот...

Пејачката Рада Манојловиќ ја изгубила својата мајка кога имала 19 години и никогаш се нема опоравено од тој шок. Подоцна, улогата на мајка ѝ ја преземала нејзината баба, која исто така почина минатата година, што неизмерно ја погоди пејачката.

Манојловиќ детално зборуваше за нејзината мајка, но и за погребот, во емисијата „Шок ток“, како и за моментите по тешкиот настан кога морала да оди да пее затоа што немале доволно приходи.

„Кога нашата мајка почина, моравме да подготвиме 40 дена, погреб... Многу се потрошивме, за секое лекување, луѓето кои се лекуваат од најсериозната болест знаат колку чини. Толку многу позајмивме, тато работеше на пазар. Морав да почнам да пеам девет дена по погребот, бидејќи доаѓаа 40 - те дена и треба да се подготви. Работев и не успеав да ја исплачам, ми се чини дека никогаш не плачев доволно затоа што наскоро се запишав на факултет, следуваа „Ѕвездите на Гранд“ и само работев. Влегуваш во машината, тогаш беше општ хаос околу „Ѕвездите на Гранд“, имавме турнеја по една година и повеќе, живеевме во комбе и работевме секој ден. Потоа, започнаа хитовите и повиците и јас бев во машината. Таа работа ме спаси бидејќи немав време да размислувам и сега кога не работев, сè ме стигна и затоа се повлеков некое време“ - рече таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: