Животната приказна на Кејт Винслет: Како крупната убавица од Титаник стана најголема ѕвезда во Холивуд
Моментално се зборува дека нејзиниот колега, актерот Том Круз е вљубен во неа...
Една од најуспешните, најталентирани, најубави и највпечатливи актерки на светската актерска сцена - Кејт Винслет, овој месец наполни 45 години.
Како убавицата од Титаник стана една од најуспешните холивудски ѕвезди на сите времиња?
Светската популарност дојде до Кејт во нејзината 22 година, по улогата на Роуз во познатиот филм „Титаник“ во 1997 година. Таа и Леонардо Дикаприо тогаш добија милиони обожаватели, но и интерес од еминентните режисери.
„Се уште не разбирам како со тогашниот изглед можев да станам актерка. Дури и во градинка ме викаа дебела. Бев навистина дебелка и несреќна, а тоа чувство во мене остана до денес“ - рече Кејт неодамна за Harper's Bazaar.
Иако нејзината прва впечатлива улога беше романтична хероина која е подготвена на сѐ за љубовта, во приватниот живот Кејт никогаш не брзала во врските.
Набрзо по премиерата на Титаник, Кејт се омажи за режисерот Џин Триплтон, а од бракот ја доби ќерката Мија. Сепак, бракот не траеше долго - веќе во декември 2001 година тие се разведоа.
Другата голема љубов, Кејт ја пронајде во режисерот Сем Мендез, за кој се омажи на 24 мај 2003 година. Истата година го добија синот Џо Алфи, а седум години подоцна го најавија разводот.
Во меѓувреме, Кејт продолжи да игра во театар и активно да глуми во филмови, зацврстувајќи ја својата репутација како една од најуспешните и најбараните актерки.
Полн погодок беше повторната средба на Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо по 11 години од Титаник, во филмот „Revolutionary Road“, кога повторно ја освоија светската публика. Иако ѝ прогнозираа Оскар за оваа улога, Кејт оваа престижната награда ја доби за улогата во филмот „The Reader“, во кој глумеше зрела жена заљубена во младо момче.
Во меѓувреме, приватниот живот на Кејт Винслет и понатаму ја интригираше јавноста. Во август 2011 година, на островот Некер, во друштво на заеднички пријатели, актерката го запозна милионерот Нед Рокнрол. Се венчаа во декември 2012 година и го добија синот Бер Блејз. Четири години подоцна се појавија вестите за разводот, но Кејт до денес остана со својот сопруг.
Кејт Винслет е добитничка на безброј престижни награди, меѓу кои е и Орденот од Британската империја за посебни заслуги во кинематографијата, која ја доби во 2012 година.
Освен прекрасните улоги, Кејт ширум светот е позната и по поттикнувањето на жените да се сакаат онакви какви што навистина се, да не се измачуваат со диети и да не се согласуваат на услогите на пластичните хирурзи.
„Имав голем стомак и градите многу ми се промени по трите деца. Не можев да си кажам дека сум убава кога се гледав во огледало. Воопшто не верувам во идеали. Си реков: Ова сум сега јас, погледнете ја несовршената јас“ - рече актерката во едно интервју.
На познатиот булевар на познатите во Лос Анџелес од 2014 година постои ѕвезда со името на Кејт Винслет.