Животно осигурување или најдобар облик на штедење

Животно осигурување или најдобар облик на штедење

Објавена во: После „Школо“ // PR

Животот вообичаено ни приредува изненадувања, некогаш и не толку пријатни, номожеме да се подготвиме да ги пресретнеме подготвени, осигурении обезбедени за нашата иднина. Кога ќе се спомене зборот осигурување, на поголем дел од луѓето најпрвин им паѓа на ум осигурување на домот, на возилото,деловните просториии на сѐона што има одредена вредност и значење за нив. Луѓето првенствено избираат да ги осигураат материјалните нешта кои се, помалку или повеќе, заменливи но често недостига навика да се одбере осигурување што може да му обезбеди финансиска заштита на семејството.

Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè, затоа што претставува заштита на оние што финансиски зависат од нас и, второ, затоа што на него се гледа како на штедење. Во рамките на месецот на осигурувањето – октомври, Кроација осигурување - живот ги засилува своите активности во насока на поголема едуцираност на граѓаните за животно осигурување и за подигање на свеста за потреба од штедење. 

Она што квалитативно го разликува животното осигурување од другите форми на штедење е интегрираноста на штедната и осигурителната компонента.Полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Осигурувањето на животот е еден вид инвестиција во сигурна економска иднина и единствен начин да ја планираме иднината. Овој вид штедење и вложување во сопствено осигурување обезбедува финансиска поддршка во доцните години од животот, како и заштита кога е најпотребно, односнообезбедува лична сигурност и сигурност на своето семејство.

Со осигурување на животот може да се решат многу значајни прашања, школување на децата, стапување во брак, купување стан, градење семејна куќа или обезбедување дополнителни средства за „деновите на староста“.Животното осигурување е речиси задолжително за членот на семејството со највисоки месечни примања, од кого финансиски зависат преостанатите членови на семејството.

Внимателно следејќи ги зголемените потреби и интересот за животно осигурување, Кроација осигурување - живот создаде производи приспособени на барањата на пазарот, финансиските можности и потреби на секоја индивидуа.Со осигурување на животот можно е да се избере износот на ратата, премијата како и временската рамка на осигурувањето. По истекот на договореното времетраење на осигурувањето, осигуреникот ја добива на располагање договорената сума. Истовремено, за целиот период на осигурувањето вашите најблиски се финансиски заштитени, што е и најголема предност на животното осигурување.

Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства. Покрај тоа што е најисплатлив облик на штедење, се заштитувате себеси и своето семејство во случај на болест или незгода и дејствувате превентивно доколку биде изгубен главниот финансиски извор. Со осигурувањето на животот создавате капитал доколку ви се намалат приходите, особено по заминувањето во пензија, а постои и можност за одобрување заем од страна на Кроација осигурување – живот.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: