Животот на Ким Кардашијан е отворена книга, но овие 5 работи за неа сигурно не сте ги знаеле
Го дава својот живот на дланка, но сепак може да изненади...
Ким Кардашијан се прослави преку реално шоу во кое учествуваше нејзиното семејство, а потоа изгради империја со помош на брендот за козметика и облека што го основаше.
Многумина мислат дека нема што повеќе да изненади и дека сѐ се знае за неа, но овие пет работи за популарната Ким сигурно не сте ги знаеле.
# Таа беше во врска со внукот на Мајкл Џексон
Пред да се омажи за Канје Вест (од кого се разведе), Ким беше во врска со Ти Џеј Џексон, внук на починатиот крал на попот Мајкл Џексон.
# Креирала кармиини кога била тинејџерка
Иако сега има своја модна и козметичка линија, порано во продавниците во Лос Анџелес креаирала кармини. Како што истакна своевремено во медиумите, ѝ било интересно на тој начин да си заборати за џепарлак, и тоа работејќи со својата пријателка Никол Ричи.
# Има OCD
Своевремено истакна дека пати од опсесивно - компулсивно нарушување. Чистачката ѝ доаѓа неколку пати неделно, а после тоа, таа повторно чисти по неа.
# Ги загрева дијамтските ѓердани со фен за коса
Интересно е и тоа што своевремено изјави дека својот накит пред носење го загрева со фен. Како што вели, големите дијаманти ѝ годат, но не ѝ годи нивното студенило, па од таа причина сака да ги загрее.
# Опседната е со Елизабет Тејлор
Призна и дека е најголем обожавател на актерката Елизабет Тејлор. Вели дека како дете била опседната со нејзината појава, како и дека го знае секој детаљ за починатата актерка. Беше и последната која со неа направи интервју, пред да почине во 2011 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм