Златни можности со златна картичка на Халкбанк
Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи многу можности и привилегии кои, доколку правилно ги користите, можат значително да ви го поедностават секојдневието.
Какви можности и привилегии нудат кредитните картички зависи од банката која ги издава, па така, за редовните корисници, некои нудат поврат на средства, некои плаќање на рати, собирање поени, ниски каматни стапки, попусти при купување, високи кредитни лимити и сл.
Новата Златна картичка на Халкбанк, односно Visa Gold претставува кредитна картичка која со себе носи одлични привилегии. Оваа картичка овозможува поголема куповна моќ за клиентот нудејќи кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на клиентот, и без ограничување на лимитот во бројот на плати. Од друга страна, минималниот месечен износ за враќање на средства е само 3% од искористениот лимит, кои средства потоа повторно можат да се користат. Картичката е достапна за сите физички лица со редовни месечни примања кои ја примаат својата плата или пензија во Халкбанк и лица кои ќе ја обезбедат со депозит, а картичката нуди и најниска каматна стапка од само 7.5%. Дополнително, картичката доаѓа со полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 денари која важи во периодот на рокот на отплата на VisaGold картичката, чијшто трошокот го покрива банката, со што корисникот на кредитната картичка нема никакво задолжување. Истата се обновува секоја година и важи секаде и во секое време односно има неограничено територијално и временско покритие.
Покрај сите овие привилегии, Златната картичка на Халкбанк овозможува и:
- подигање готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје
- достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички
- собирање поени или средства преку трошењето
Ваквите поени се однесуваат на одредена категорија на трошење. На пример, постојат бонус поени за одредени ресторани, продавници или доколку полните гориво. Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали на Халкбанк АД Скопје, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.
- плаќање на рати, и тоа до дури 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.
- 4% поврат при плаќање преку booking.com и посебни цени во хотелите на Visa luxury групацијата.
Visa Gold картичката ја зголемува вашата куповна моќ, ви обезбедува средства тогаш кога ви се најпотребни и ви овозможува уживање во ексклузивни привилегии. За новата VisaGold кредитна картичка на Халкбанк можете да аплицирате веднаш во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје со пополнување на следната апликација или преку online апликацијата.
* ПР - објава