Златните медали во гимнастика им се заштитен знак: За сестрите Соколовски допрва ќе се слуша

Златните медали во гимнастика им се заштитен знак: За сестрите Соколовски допрва ќе се слуша

Илина и Ева Соколовски се две талентирани сестри кои тренираат ритмичка гимнастика. Тие живеат во Белефилд Германија. 13 - годишната Илина, која учи гимназија на 6 години започнала да тренира ритмичка гимназија, а нејзината три години помала сестра, Ева од 5.

Илина вели дека убавите фустанчиња и различните справи на некој начин ја поттикнале да се заминава со овој спорт, кој е составен од балет, гимнастика, акробатика и танц.

„Спортот го запознав и засакав поради сестра ми.  Кога имав 2,5 години ја носевме да вежба, да тренира, а јас ја гледав и се воодушевував.“ - додаде малата Ева.

Иако и двете се занимаваат со ист спорт во кој се навистина успешни, овие две сестри имаат различни идоли. 

„Имав можност да запознам многу врвни  гимнастичарки, но мојот идол е Маргарита  Мамун.“ - вели Илина, додека пак на Ева, која во декември тренирала со Варвара Филу идол и е Јана Кудрајавцева.

Дневно на вежбање посветуваат од два до четири часа, а резултатот од тоа се многу бројните награди. Иако не можат да одвојат која награда им е омилена, можат да се пофалат со големи успеси:

„Мојот најголем успех е прво место во Украина и прво место на германско  финале.“ - истакна постарата сестра, за разлика од помалата која се пофали со учество на 15 натпревари на кои го има освоено првото место.

Нивниот талент и пехарите придонеле и двете да бидат омилени деца во градот во кој живеат. Илина, веќе добива понуди за снимање реклами, а една од тие понуди е и рекламирањето на детски соби од една позната руска фирма.

 

Настрана спортот тие и двете се одлични ученички и не дозволуваат оваа активност да ги спречи во исполнувањето на училишните обврски.

Со добра организација имаме доволно време за учење и тренинг, дружење и шетање.“ - вели Илина, на која омилени предмети на училиште и се биологија, хемија, физичко и математика.

Ева пак, ги издвои само физичкото и математиката.

Поради моменталната состојба тие веќе 4 недели се дома и до 20 април нема да одат на училиште. Тренираат дома по два часа секој ден, за да може да останат во форма и секако онлајн со тренерите. Исто така често се во двое или со татко им во природа каде што нема луѓе.

Иако така поради оваа ситуација им се откажал и турнирот во Холандија во кој требало да земат учествуваат.

Ивана Мисајловска

Може да ве интересира:

Аикидото е наш семеен спорт: Интервју со Дамјан, Софија и Магдалена Стојковски

Можеби ќе ве интересира: