Златокоса, но не од цртан: Поради нејзината коса сите сакаат Дизни да ѝ додели улога (ВИДЕО)
Нејзината коса е нереално прекрасна...
Како помали, сите ги гледавме принцезите на Дизни како пример и сигурни сме дека и ти си сакала еден ден да бидеш една од нив. Оваа девојчи си ја остварила својата желба, бидејќи поради нејзината коса сите ги потсетува на Златокоса!
Видеото од оваа девојка многумина ги потсетува на кадрите од цртаниот филм „Златокоса“, најмногу поради нејзината прекрасна и долга руса коса која ја има. Не само што ѝ е неверојатно долга, туку се гледа дека косата ѝ е многу здрава, сјајна и изгледа многу меко. ТикТок профилот на оваа девојка се базира само на нејзината коса, каде девојката предупредува дека мора да се води грижа за здравјето на косата, а исто така дава совети кои самата таа ги применува, за и другите девојки да можат да имаат коса како нејзината.
@jo_punzel My heart is so happy rn #rapunzel #longhair #hairtok Kingdom Dance - From "Tangled"/Score - Alan Menken
Не само што им дава совети, туку им дава препораки за шампони и регенератори кои се навистина добри, а тоа го покажува и со нејзината здрава коса. Косата ѝ е до задникот, поради што многумина ја споредуваат со Златокоса, а сакаат Дизни да ѝ додели некоја улога во некој од нивните филмови или цртани филмови за да може на сите да им покаже каква коса успеала да порасне!
фото: Принтскрин / ТикТок@jo_punzel Please #longhair #haircareroutine #hairtok Cumbia Buena - Grupo La Cumbia