Златокоса од вистинскиот живот: Тинејџерка се запиша во Гинис за најдолга коса

Златокоса од вистинскиот живот: Тинејџерка се запиша во Гинис за најдолга коса

Објавена во: Совети // Семејство

Го собори сопствениот рекорд и уште еднаш е прогласена за тинејџерка со најдолга коса.

Никој не можеше да го престигне нејзиниот претходно поставен рекорд, а овој новиот ќе биде уште потежок. Откако пред една година постави рекорд и се запиша во Гинисовата книга на светски рекорди, сега самата го собори сопствениот рекорд - а, колку и е долга косата?

Таа е Ниланши Пател и прогласена е за тинејџерка со најдолга коса на светот. Оваа 17 - годишна девојка е од градот Модас, Индија, во ноември 2018 година постави рекорд во категоријата тинејџерка со најдолга коса за Гинисовата книга за светски рекорди, а од тогаш па до сега нејзиниот рекорд остана несоборен. Се до сега кога самата го направи тоа. Косата и е долга 190 сантиметри. Дури 20 сантиметри подолга од ноември 2018 година, откако ниту еднаш не ја скратила.

Ниланши косата започнала да ја пушта уште кога имала 6 години. Целата приказна ја започнало едно лошо искуство во фризерски салон. Од тоа искуство не била воодушевена со тоа дека мора да оди да ја шиша косата, а родителите ја прифатиле нејзината желба да не оди. Сега, 10 години подоцна, нејзината коса соборува рекорди. А како ја одржува? Открива дека ја мие еднаш во неделата, дека и треба еден час за да ја исчешла и околу половина час да ја исуши.


Когата и го допира подот, а доколку сака да не се влече по неа кога оди мора или да облече чевли на висока потпетица или да ја врзе косата - што и најчесто прави. Освен во посебни прилики, како што се снимањата и фотографирањата за медиумите, не ја носи кусата пуштена, туку си прави плетенки или пунџа. За да и бидеш што е можно позачувана, користи посебни масла кои ги прави нејзита мајка. Иако засега како тинејџерка го држи рекордот за најдолга коса, доколку сака да го одржи и подоцна во животот, косата ќе мора уште „малку“ да и порасне. Имено, женскиот рекорд за најдолга коса на светот од 2004 година го држи Xie Qiuping која има коса долга 562 сантиметри.


Xie својата коса започнала да ја пушта од 13 години, малку подоцна од Ниланши, што значи дека има добри шанси оваа тинејџерка, за да го собори и овој рекорд со текот на годините.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: