Знаат како се ужива: Кендал и Кајли Џенер издоминираа на роденденот на најдобрата пријателка

Знаат како се ужива: Кендал и Кајли Џенер издоминираа на роденденот на најдобрата пријателка

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако Кајли Џенер во последните неколку години води семеен живот поради тригодишната ќерка Сторми, таа сè уште знае да ужива со своите пријатели. Неодамна во кругот на семејството го помина празникот каде видовме како уживаат во броба со водените балони со ќерката и поранешното момче и татко на Сторми, Тревис Скот. Сега заедно со сестра ѝ Кендал замина на забава, на која го прославија роденденот на нивната најдобра другарка Стејси Караниколау, а по сторињата кои ги споделија на Инстаграм можеме да видиме дека навистина уживале.

Кајли е фотографирана како пристигнува на забавата заедно со славеничката Стејси, која таа вечер го славеше својот 24 - ти роденден, а пред тоа Кајли на стори ја сподели роденденската вечера со јадења од тестенини, печено пилешко и шишиња шампањ. 

За тоа време, Кендал на стори сподели неколку фотографии заедно со Хајли Бибер, која исто така беше гостинка. Додека Хајли носеше црни панталони и црн топ, Кендал ги воодушеви сите со својата црно - бела кожна комбинација, која потсетува на 60 - тите. Забавата сигурно била одлична.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: