Знае да се изнанеди од самата себе: Антониа Гиговска облече фустан во кој не се чувствува своја (ФОТО)
Младата пејачката Антониа Гиговска викендов беше гостинка на свадба и за таа пригода облече тесен розов фустан...
Фустанот го искомбинира со црни сандали на висока потпетица, сребрени обетки, нокти со сребрени циркони, додека косата ѝ беше извиткана во благи бранови. Со шминката само го заокружи изгледот и покажа една нова верзија од себе.
Покрај неколкуте фотки кои ги сподели на својот Инстаграм профил, напиша интересен опис, во кој откри дека во ваквите модни комбинации не се чувствува своја.
„Tonya во розево. Сите што ме знаат, знаат дека не се чувствувам своја во фустан, и не сум тој тип, ама знам и вака да се изненадам од самата себе.“
Но, и покрај признанието во коментари сите ѝ посочија дека изгледа одлично и дека нема потреба да се чувствува така.
фото: Принтскрин / Инстаграм