Знае како да го испочитува црвениот килим: Антониа Гиговска заблеска во полн сјај (ФОТО)
Знае како да се дотера за секоја пригода...
Во понеделникот, бројни познати македонски музички ѕвезди, но и останати познати личности, присуствуваа на прославата по повод 15-от роденден на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Дека ова беше настан од светски размери, говореше и црвениот килим, по кој се прошетаа гостите, а од сите нив особено се издвои младата пејачка Антониа Гиговска.
Имено, таа заблеска како никогаш досега, но и ги изненади сите со модниот избор. Имено, лежерните и спортски комбинации ги замени со холивудскиот изглед. На себе носеше блескав „сирена“ фустан, високи потпетици, а косата и беше пуштена. Шминката беше доволна за уште повеќе да се истакне нејзината убавина, а поради блескавиот фустан, накитот овој пат Антониа го прескокна.
Инаку, на роденденската забава, публиката ја забавуваше поранешното момче на Антониа, фронтменот на групата Либеро бенд, Иван Јованов. Пејачката се појави во придружба на стилистот Марјан Петров.
За фотографиите на кои изгледа како светска дива, беше задолжен фотографот Стефан Соколовски.
фото: Принтскрин / Инстаграм