Знаеш ли што е токсично пријателство? Како да провериш колку се искрени твоите другарки?

Знаеш ли што е токсично пријателство? Како да провериш колку се искрени твоите другарки?

Објавена во: Совети // Другарство

Пријателството е многу вредна работа во животот, но само доколку е искрено. Сепак, на сите понекогаш им се случува да започнат дружење со некој поради потполно погрешни причини: забава, популарност, корист, инает... Таквите пријателства може да станат токсични.

Што е токсично пријателство?

Тоа е однос во кој барем едната личност се чувствува лошо и непријатно. Еве како да го препознаеш:

# Дали другарка ти прави да се чувствуваш лошо во врска со своите особини, изглед или одлуки?

# Дали по дружењето со неа, често си нерасположена, наместо весела?

# Дали си единствена која се труди тоа приајтелство да опстане?

# Дали твојата другарка постојано учекува некоја услуга, а таа никогаш да не е подготвена да ти помогне на тебе?

# Дали некогаш си сфатила дека те озборува кога не си со неа?

# Дали ти дава прекари кои не ти се допаѓаат?

# Дали некогаш имаш впечаток дека си игра со твоите емоции?

# Дали некогаш те искористила за да го добие она што го сака, без оглед на последиците кои ги трпиш подоцна?

#  Дали бара од тебе да правиш работи кои не ги сакаш?

Доколку одговорот на повеќето прашања е „да“, за жал, ти си во токсично пријателство. Таквите пријателства никогаш не стануваат подобри, а може да те вовлечат во сериозна неволја. Но, да го прекинеш дружењето никогаш не е лесно и едноставно, затоа еве неколку совети како да го направиш тоа:

# Дај ѝ последна шанса

Обиди се прво да разговараш со пријателката, потполно смирено. Кажи сѐ што ти пречи и провери како ќе реагира. Доколку го поправи своето однесување, за вашето пријателство има надеж.

# Промени го друштвото

Доколку твоето друштво продолжи по старо, почни да поминуваш повеќе време со други луѓе. Потруди се најмногу време да поминуваш со оние со кои се чувствуваш најдобро.

# Блокирај ги

Понекогаш во вакви ситуации се случува поранешните другарки да почнат да зборуваат лошо за тебе со личните контакти или на социјалните мрежи. Не впуштај се во конфликти, едноставно блокирај ги.

Остани „кул“

Не учествувај во драма, не ги озборувај, не откривај тајни... Едноставно, биди „кул“ што ѝ да ти направиле. Доколку тие се послужат со некои од овие средства, тогаш тоа ќе каже повеќе за нив, отколку за тебе. Затоа, остани „кул“.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: