Знаете која ми е роденденска желба затоа што е и заедничка: Андреа доби торта со евровизиската статуетка
Андреа наполни 22 години...
Андреа Коевска, овогодинешната евровизиска претставничка на нашата држава деновиве е многу актуелна. Таа и нејзината „Circles“ веќе почнуваат да ја освојуваат Европа, а на многу анкети е помеѓу првите 3 фаворити.
Денес, таа полни 22 години, а следството на претстојниот настап на Евровизија, Андреа доби музичка торта, со евровизиската статуетка, која секоја година ја добива победникот. Дека истата ја изненадила открива и насмевката на нејзиното лице.
Фотографиите од првото роденденско изненадување ги сподели на социјалните мрежи, каде и однапред се заблагодари на честитките кои ќе ѝ пристигнуваат во текот на денот.
„Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене така и за сите. Знаете која ми е роденденска желба, затоа што е и заедничка. Фала ви однапред за убавите честитки“.
За потсетување, Андреа оваа година во мај на втората полуфинална евровизиска вечер, во Торино, Италија ќе ги брани боите на нашата држава и ќе се потруди со својата „Circles“ да ја освои Европа.
Претходно за Женски магазин откри дека веќе се започнати подготовките, но и како се замислува да изгледа на сцената.
„Психички веќе имам почнато, но од понеделник ќе почнеме со подготовките како што треба. Дефинитивно имам замисла како би сакала да изгледам на таа сцена, но ништо не е дефинирано. Единсвеното нешто што можам да го споделам со вас е дека сакам целосно да бидам облечена во црно и да биде минималистичко, друго не откривам.“