Знаковниот јазик го искористи за да допре до сите: Песната на Марија ќе ве воодушеви
"Сакам" е новата песна од Марија Спасовска со која порачува "Човекот со срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда".
Текстот на оваа балада е од Марија Спасовска, а музиката и аранжманот се на познатиот Роберт Билбилов.
Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Интересен е фактот што Марија во видеото употребува знаковен јазик, сакајќи оваа песна со својата силна порака да допре до секој човек, за да може сите да ја разберат, дури и оние што не можат да слушаат.
Во продолжение погледнете го видеото.