Зои, Сенидах, Анастасија Ражнатовиќ... Колку се навистина високи познатите балкански инфлуенсерки и музички ѕвезди?

Зои, Сенидах, Анастасија Ражнатовиќ... Колку се навистина високи познатите балкански инфлуенсерки и музички ѕвезди?

Објавена во: Мода // Moj стил

Која е „џебна Венера“, а која е висока „како бандера“?

На сите ни е познато дека камерата умее да измами, па така нашите омилени ѕвезди често изгледаат поинаку во живо отколку што имаме можност да ги гледаме на социјалните мрежи и малите екрани.

Многумина остануваат изненадени кога ќе ги видат во живо некои од познатите личност, бидјеќи многу од нив се пониски, но исто така има дел од нив кои се и многу високи, а пред камерите може да изгледаат пониско. За да немате повеќе дилени, во породлжение ви откриваме колку се навистина високи српските ѕвезди и инфлуенсерки, кои се најпопуларни кај младата публика.

Анастасија Ражнатовиќ

Една од најуспешните млади пејачки во Србија, како што откри во една прилика, за време на растењето се соочила со негативни коментира на сметка на својот изглед. Таа е висока 178 сантиметри и како што вели, често се случувало поради тоа да биде мета на потсмев.

„Јас сум висока и жените кои се ниски за мене ќе кажат „Како бандера е“, „Одвратна“, дури и жените кои се високи како и јас имаат комплекси. Јас никогаш не сум имала комплекс, ако ми се носат високи потпетици, носам и тоа е тоа“ - раскажа Анастасија во една прилика.

Зоранах

Блогерката и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ Зоранах во една прилика одговараше на прашањата на обожавателите и тогаш ја откри својата висина. Иако на некои им делува дека е ниска, Зоранах е висока 175 сантиметри.

Тамара Калиниќ

Тамара Калиниќ реди успеси во странство и е инспирација за многу жени кога е прашање модата. Таа своевремено води и блог „Glam and Gliter“, каде во коментарите на своите обожаватели откри дека е висока 175 сантиметри.

Елена Китиќ

Од моментот кога зачекори на музичката сцена, кариерата на младата пејачка Елена Китиќ е обвиена под велот на мистеријата. Не само што донесе потполно поинаков стил, како и начин на снимање на спотови, туку веројатно е и единствена пејачка од младата генерација која успеа речиси да го зачува својот приватен живот од јавноста.

Па така, не може да не изненади фактот дека нејзината висина, верувале или не, е еден од најпребаруваните поими на „Гугл“. Доколку може да им се верува на податоците кои се достапни на Интернет, Елена е висока 172 сантиметри.

# Зои

За младата пејачка Зои сѐ повеќе се зборува, а таа гордо го зазеде своето место на музичката сцена. Публиката најпрво ја освои со песната „Ето“, а хитовите само се редеа.

Сара Шекуларац, како што ѝ е вистинското име, е порпознатлива по специфичниот стил на облекување, а за кратко време успеа да се оттргне од обвинувањата дека успеала поради тоа што е внука на пејачката Наташа Беквалац. Младата пејачка според наводите на Инстаграм е висока околу 166 сантиметри.

Николија

За пејачката може да се каже дека е некој кој може да износи сѐ - од бели тренерки до свечени фустани... нејзиниот специфичен стил на облекување често ја искачуваше високо на листите за најдобро стилизирани жени во Србија.

Пејачката исто така со години ужива во врската со Реља Поповиќ, со кој и настапува заедно и со кој ја има ќерката Реа. Доколку може да им се верува на податоците кои се на Интернет, Николија е висока 165 сантиметри.

Сенидах

Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах е словенечка хип - хип, р'н'б и треп кантавторка, која се здоби со регионална популарност со песната „Слаџана“ од 2018 година.

Познатата музичарка е висока 173 сантиметри, иако многумина мислат дека има неколку сантиметри повеќе.

фото: Инстаграм / SHUTTERSTOCK


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: