Зошто баш ЦРН ПЕТОК?

Зошто баш ЦРН ПЕТОК?

Објавена во: Мода // Moj стил

Сигурно веќе сте слушнале за Black Friday, за шопинг манијата и попустите во речиси сите продавници, но сте се запрашале ли од каде потекнува оваа традиција и зошто овој празник на купохоличарите се нарекува – ЦРН ПЕТОК.

Црн петок или Black Friday е всушност неформалното име за денот што следува по еден од најголемите празници во САД - Thanksgiving или Денот на благодарноста. Ова е неформален празник кој го означува почетокот на празничната шопинг сезона.

За името на овој неофицијален празник постојат две приказни, едната е дека возачите на автобуси во САД го користеле како термин за да го опишат густиот сообраќај по градските улици ден после Thanksgiving, кога луѓето го започнуваат празничниот шопинг. Друга приказна е повторно поврзана со сообраќајот, овој термин најчесто го користела полицијата заради сообраќајниот метеж и несреќите што се случувале по улиците, но и честите насилства во овој период од годината.

Кога започнала традицијата на претпразнично купување, црн петок како термин не им се допаѓал многу на бизнисмените бидејќи давал негативна конотација на денот. Овој термин не го сакале и трговците со оглед на тоа што тој важел за ден за шопинг, па во 80-тите години му дале позитивна смисла. Односно, црниот петок е ден кога продавниците остваруваат голем профит, сметковотствено, губењето пари и негативните суми се одбележувале со црвено мастило, а позитивните суми , односно профитот, се одбележувале со црно мастило, па токму затоа денот кога позитивните сметки на продавниците се одбележани со црно мастило е наречен ЦРН.

Фото:VectorStock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: