Зошто девојките одеднаш масовно ги лакираат ноктите во светло сина боја? Постои значење

Зошто девојките одеднаш масовно ги лакираат ноктите во светло сина боја? Постои значење

Објавена во: Мода // In and Out

Испраќаат порака!

Одеднаш на ТикТок илјадници девојки ги покажуваат своите нокти излакирани во светло сина боја. Еве кое значењето кое се крие зад овој тренд.

Некогаш е тешко да се одлучиш какви нокти да си направиш или во која боја да ги налакираш, а одеднаш на ТикТок постојано се појавуваат момчиња кои на своите девојки им посочуваат на ноктите да стават светло сина боја. Не обична сина, туку светло сина. Тоа не е случајно и постои причина и значење кои се кријат зад овој тренд. Не знаеме како започна, но сега е многу проширен. Оваа боја на нокти сугерира дека личноста е во врска.

@notgraciefedorko

what is it w the light blue nails

original sound - Dre

Со оглед на тоа дека се наближува летото и целиот „hot girl summer“ концепт, момците сакаат јасно да им дадат до знаење на останатите дека таа девојка е нивна. Инаку никој не би ја сфатил пораката, но со оглед на тоа дека ова стана тренд, до летото ќе им стане јасна на сите. Зошто токму светло сина? Изгледа дека и вообичаено, кога ќе го прашаш момчето во која боја да си ги налакираш ноктите, ќе ја одбере сината боја.

@catfiisshh

if you know you know #hotgirlsummer #hotgirsummerchallenge #lightbluenails #acrylicnails

original sound - Cat ◟̽◞̽

Дури и во „Urban Dictionary“ постои објаснување за светло сините нокти кое исто посочува на тоа дека не си слободна девојка, доколку имаш таква боја на нокти. Значи, ова не е нешто што сега го измисли ТикТок, туку е веќе нешто што постои, но што не било толку многу раширено.

@hannaheraso

ifykyk #lightbluenails

original sound - Celia Eunice

фото: TanitaKo / Shutterstock

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: