Зошто Кејт Мидлтон не дозволува Шарлот во јавност да се појавува во панталони?
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон има едно правило до кое непогрешливо се придржува кога е во прашање облекувањето на нејзините деца.
Откако принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија ќерка, принцезата Шарлот, девојчето на секое случување е облечено во фустан.
И додека нејзиниот брат можеме да го видиме во кратки панталони, принцезата Шарлот и додека си игра носи фунстанче.
Дали постои било каква објаснување зошто не и е дозволено да носи тренерки или фармерки, бидејќи никогаш во јавноста не е видена во нешто друго освен во фустан?
И додека многу енергични девојчиња носат хеланки, тренерки и кратки панталони за време на летото за полесно да може да си играат и трчаат наоколу, Кејт одлучи на својата ќерка да и облекува само фустани.
Дали на женските членови од кралското семејство им е забрането да носат панталони или тоа е избор на нејзината мајка?
Според зборовите на еден експерт за кралското семејство, панталоните не се забранети за членовите на семејството, а Шарлот може да носи што сака зад затворените врати.
„Не постојат правила кои забрануваат панталони за девојчиња. Доколку Шарлот е на некое јавно случување со својата мајка, која е исто така во фустан, логично е дека и девојчето ќе биде во фустан. Претпоставувам дека додека се во грандинка или си играат дома, децата носат опуштена облека“ - истакна тој.
Иако не постои одредено правило, изгледа дека традицијата им наложува на женските членови на семејството да носат фустани.
„Доколку ги гледате фотографиите низ историјата, од принцезата Ана до Шарлот, ќе забележите дека сите носеле само фустани на јавните настани“.
Кога станува збор за момчињата тие често можеме да ги видиме во кратки панталони, а носењето на истите се гледа како составен дел од англиската модна култура.