Зошто Новогодишната елка не треба да стои на овие две места во домот?!
Има ли правила каде треба да стои Новогодишната елка?
Кога ќе кажеме идилична празнична сцена, најчесто замислуваме прекрасна новогодишна елка покрај огништето со запален оган. Но, има еден проблем - во реалноста, поставувањето елка до силен извор на топлина и оган не е паметна идеја.
Експертите препорачуваат елката, без оглед дали е вештачка или природна, да биде оддалечена најмалку еден метар од какви било грејачи, печки, радијатори и камини. Колку дрвото во просторијата е во близина на силен извор на топлина, толку е поголема можноста за несреќа, односно ризик дрвото да се запали.
Доколку се запали вештачката елка, тоа исто така носи ризик од ширење опасни соединенија како резултат на согорување на пластика и други материјали, затоа не ја ставајте покрај запалени свеќи.
Избегнувајте поставување на елката директно до прозорецот. Ова не само што ќе спречи редовно проветрување на домот, што е многу важно во зимските месеци, туку и ќе го намалите продирањето на природната светлина во остатокот од просторот за живеење.
Истражувањата покажаа дека недостатокот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае на расположението на поединецот и да предизвика летаргија, нарушена концентрација, нарушување на спиењето и слични болести.
Иако многумина сонуваат за прекрасни елки кои достигнуваат сè до таванот, подобро е да купат малку помала новогодишна елка. Идеално, треба да имате најмалку половина метар слободен простор помеѓу таванот и врвот на дрвото.