Зошто секогаш најлошото им се случува на најдобрите: Пораки од Марина Туцаковиќ кои треба добро да ги запомниме
Секоја нејзина порака треба да се прочита двапати бидејќи е добро осмислена.
Големата Марина Туцаковиќ почина вчера, на 19 септември, по тешка болест, оставајќи зад себе стотици песни, од кои многу може да се наречат вистински, музички, уметнички дела.
Таа успеа да допре до секого како никој друг, но не само кога станува збор за текстови, туку и кога станува збор за животни пораки. Навистина, има многу. И, навистина, секоја од нив треба да се прочита двапати.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, многумина се водат според некои нејзини пораки, како според „животни правила“.
Погледнете некои од пораките на Марина во галеријата подолу:
„Зошто секогаш најлошото им се случува на најдобрите? “
„Да бидеш добар човек е најдоброто нешто што можеш да го направиш. А на крајот од денот тоа е и единствено најважното“
„Колку поевтин е човек, толку повеќе сака да се пофали со скапите работи.“
„Во еден ден се раѓаш. Во еден ден умираш. Во еден се заљубуваш. Во еден ден ја запознаваш личноста која ќе ти го промени животот. Во еден ден се' се случува.“
„Му благодарам на животот што умее да ни покаже колку сме мали. Да се остане приземен е најважниот и најтежок чекор на патот да станете големи.“
„Но, тешко вам, кога ќе почне да ви се случува и враќа се' она што измислувате и ги лажете другите.“
„Понекогаш малку умираш... Па продолжуваш како да не било ништо.“
„Верувајте ми, ќе ви се оствари се' она што им го посакувате на другите.“