Зошто Стив Џобс и Бил Гејтс на своите деца не им давале мобилни телефони?

Зошто Стив Џобс и Бил Гејтс на своите деца не им давале мобилни телефони?

Луѓето кои најдобро знаат како некои работи функционираат често се заразуваат од нив. Експертите за технологија знаат како телефоните навистина работат и многу од нив не сакат децата да им бидат во близина на тие апарати.

„Да не го користите мобилниот е многу полесно отколку да поминувате време пред екран“ – вели Кристин Стечер, поранешен истражувач на социјалните мрежи, мажена за инжинер од Фејсбук.

„Ако им дозволам малку на децата, тие само ќе сакаат повеќе“.

Стечер и нејзиниот сопруг Рушаб Доши ги истражувале предностите и негативностите на времето поминато пред екран и добиле едноставен заклучок: не сакаат такво нешто во својот дом. Нивните ќерки стари 5 и 3 години немаат „буџет“, време кое може да го поминат пред екранот. Едноставно такво нешто им е дозволено, кога навистина долго патуваат со автомобил или авион.

Неодамна Стечер малку го ублажила нивниот пристап. Секој петок семејството гледа по еден филм.

Атена Чаварија, која работела како извршен асистент во Фејсбук, а сега е на филантропското одделение кај Марк Закерберг, вели „Уверена сум во телефоните има ѓавол, кој ни ги уништува децата“.

Чаварија на своите деца им дозволила да имаат мобилни телефони кога тргнале во средно, а дури и сега им забранува нивна употреба во автомобилите и жестоко го ограничува времето на користење во домот.

„Другите родители ме прашуваат дали се грижам што не знам каде ми се децата кога не можам да ги најдам“ – раскажува Чаварија. „Јас им одговарам дека не морам да знам каде ми се децата секоја секунда“.

За долгогодишните лидери на технолошката индустрија, кои на овие апарати ги гледаат како нешто на што работеле, влијае на нивните деца како пресметка со нивниот живот и дело. Меѓу нив е и Крис Андерсон, поранешниот уредник на порталот Wired, сега извршен директор на компанија која се занивама со роботика и дронови.

„На скала помеѓу кокаин и бомбони, поблиску се до кокаинот“ – рече тој за мобилните телефони, ајподи и таблети. Техничарите кои работеле на овие производи и авторите кои ја следеле технолошката револуција биле наивни, вели тој.

„Сметавме дека можеме тоа да го контрилираме. А ова е надвор од нашите моќи. Тие удараат директно на центрите за задоволување во мозокот кој се развива. Ние како родители тоа не можеме да го сфатиме“.

Тој има пет деца и 12 правила кои вклучуваат: без телефони до летото пред средно училиште, без таблети, ајподи, лаптопи во спалните соби, без социјални мрежи до 13 години. Лошо однесување? Казната е 24 часа без пристап на интернет.

Тим Кук, извршниот директор на Епл, рече дека на својот внук не би му дозволил да користи социјални мрежи. Бил Гејтс на своите деца им дозволил да користат мобилни телефони дури кога станале тинејџери. Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да се доближат до ајподите.

Тие кои им го дозволиле на своите деца пристапот до екраните сега морааат да ги извлекуваат од зависноста така што им објаснуваат како технологијата функционира.

Можеби ќе ве интересира: