Зошто ви е потребно дополнителното животно осигурување?

Зошто ви е потребно дополнителното животно осигурување?

Објавена во: После „Школо“ // PR

Иако донекаде можеме да си го планираме животот, сосема е јасно дека никој не може да знае што носи иднината. Современиот начин на живот постојано носи предизвици и непредвидени ситуации. Неизвесноста на животните прилики ја зголемува потребата од животно осигурување, кое во денешно време е потребно повеќе од кога и да е. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствен што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува и заштита од финансиски загуби, кои можат да настанат како резултат на несакани настани. 

Светот на осигурувањето е разновиден и ги покрива различните човечки потреби за поздрав и помирен живот. Вам ви останува да решите што е најдобро за вас и што ги исполнува сите ваши очекувања. Со склучувањето полиса за животно осигурување, животот ќе ви добие поинаква смисла затоа што ќе бидете сигурни дека лесно ќе се справите со сите предизвици што ги носи иднината.

Со склучување договор за животно осигурување имате можност да склучите дополнително осигурување, кое ќе ви го комплетира чувството на сигурност. Дополнителното осигурување ви овозможува, покрај основното осигурување, и осигурувања што обезбедуваат заштита од специфични ризици. Дополнителното осигурување може да биде од особен интерес за оние лица што не постигнуваат заштита од покриени ризици на друг начин, но и за оние осигуреници што веруваат дека им е потребна дополнителна гаранција.

За чувство на безгрижност и сигурност, Кроациа осигурување - живот нуди голем број продукти и опции за осигурување на животот, кои нудат и можност за избор на еден или повеќе видови дополнителни осигурувања. Тоа можете да го направите со која било полиса од осигурителното портфолио на Кроациа осигурување: Индивидуално осигурување на животот, Кажи „ДА“ осигурување, Мое образование, Ексклузив осигурување на животот, Твој кролајф инвест и Ризико плус осигурување, кои како дополнителни осигурувања нудат:

·осигурување од незгода,

·здравствено осигурување од тешки болни состојби,

·здравствено осигурување од малигни болести,

·здравствено осигурување во случај на операции,

·дополнително ризико осигурување (освен кај Ризико плус осигурување),

При склучување договор за осигурување најважно е да се направи правилен избор на компанија, што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување - живот е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање  во 1884 година, а воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас, која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ИСО 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно со стандардот ИСО 10002:2018.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: