Жртва на врнисничко насилство стана Мис на Англија: Се запиша и како првата црвенокоса во историјата (ФОТО)

Жртва на врнисничко насилство стана Мис на Англија: Се запиша и како првата црвенокоса во историјата (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Таа вели дека ја врсниците ја тепале, навредувале, па дури и дека ѝ ја палеле косата...

Англија има нова мисица која ќе ја претставува на изборот за најубава жена на светот во јануари во Њу Орлеанс.

Станува збор за 26-годишната Џесика Гаген. Оваа девојка ја менува историјата бидејќи за прв пат во историјата, црвенокоса е прогласена за најубава Англичанка.

Џесика Гаген е студент по воздушно инженерство и долгогодишен модел. 

И откако победи на натпреварот за убавина, таа им кажа на новинарите дека како девојче била жртва на насилство од врсници поради нејзината боја на коса. Најмногу ја малтретирале девојки.

„Никогаш не сум зборувала премногу за тоа, но сега кога станав Мис, сакам да го свртам вниманието на луѓето низ што поминуваат црвенокосите бидејќи мојот случај не е единствениот. Моите врсници ме тепаа, ме навредуваа, ме плукна и фрлаа со разни предмети. Една девојка ми ја запали косата само поради црвената боја“, раскажа таа и додаде: „Се надевам дека мојата приказна и успех ќе им дадат сила на црвенокосите деца бидејќи знам не им е лесно - претворете ги боите на косата во дополнителна енергија“.

извор:zena.blic


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: