Ѕвездата Гал Гадот искрена за новиот филм: Баравме македонска актерка за Клеопатра
Се случи пресврт...
Израелската филмска sвезда Гал Гадот се одбрани од коментарите на критичарите кои велат дека арапска или африканска актерка треба да ја игра античката египетска кралица Клеопатра.
„Најпрво, ако сакате да бидете верни на фактите, тогаш Клеопатра беше Македонка“, изјави актерката позната како „Wonder Woman“ - за BBC Arabic's Sam Asi.
„Баравме македонска актерка што може да одговара на Клеопатра. Немаше, а јас бев многу загреана да ја глумам Клеопатра“ - додаде таа.
Контроверзии избувнаа во октомври откако Гадот објави дека ќе биде во главната улога,а воедно ќе биде копродуцент на филмот. Хана Флинт од „Гардијан“ го нарече тоа „чекор назад за филмството во Холивуд“, додека режисерот Лекси Александар рече дека улогата треба да ѝ припадне на црна актерка, повикувајќи се на реконструкцијата на лицето на Клеопатра.
Гадот рече: „Имам пријатели од целиот свет, без разлика дали се муслимани или христијани, католици или атеисти или будисти, или евреи, се разбира ... Луѓето се луѓе, и со мене сакам да го прославам наследството на Клеопатра и да и оддадам чест на оваа неверојатна историска икона на која толку многу ѝ се восхитувам “.
Таа рече дека и другите луѓе се добредојдени да прават свои филмови.
„Знаете, секој може да го снима овој филм и секој може да го направи по свое. Јас сум многу возбудена што ќе го направам по мое."
Клеопатра, родена во античката египетска престолнина Александрија, беше последниот владетел во династијата основана од македонскиот генерал Александар Македонски Птоломеј, чии потомци управуваа со Египет 300 години.
Фото: Инстаграм профил на @gal_dadot