Ѕвезди кои не можеа да ја дочекаат Ноќта на вештерките: Кои познати личности веќе се маскираа? (ФОТО)
Се наближува 31 октомври, а сега можеш да украдеш идеја за маска од познатите ѕвезди...
Иако до Ноќта на вештерките има уште неколку дена, некои познати ѕвезди не можеа да издржат и веќе ги покажаа своите костими за „Halloween“.
Во продолжение ти ги издвојуваме познатите ѕвезди кои веќе се маскираа. Фрли поглед, па можеби и ќе добиеш идеја каква маска да имаш за најстрашната ноќ во годината.
# Меган Ди Сталион
Американската раперка, уште на 1 октомври, на главата си стави изрезбана тиква. Хм, некој изгледа е нетрпелив.
# Кајли Џенер
На Инстаграм профилот на Хејли Бибер се појави фотографија од инфлуенсерката и член на семејството Кардашијан. На фотката, Кајли лежи во када, маскирана во зелена вештерка.
# Џенифер Гарнер
Актерката сними слатко видео во кое се појавуваат таа и нејзиното куче. Исто како и вистинските духови, кучето исчезнува и повторно се појавува на видеото. Слатко!
# Ванеса Хаџенс
Ванеса со својата пријателка GG MaGree ја рекреираа сцената од филмот „Black Swan“. Црниот и белиот лебед ги воодушевеја обожавателите, кои го пофалија нивниот избор.
# Шеа Куле
Нема шанси некој да ја препознае, бидејќи од глава до петици е маскирана во симпатичниот Патрик.
фото: Принтскрин / Инстаграм