Ѕвезди на две генерации: Ен Хатавеј и Зендаја заедно се појавија во реклама за познат бренд (ВИДЕО)
Ен Хатавеј и Зендаја - средба на две генерации, две препознатливи лица кои се идоли на младите девојки. На себе носат скапоцени камења и танцуваат во кадрите за промотивната кампања на модната куќа за накит „Булгари“, во режија на Паоло Сорентино. Оваа година Ен Хатавеј стана бренд-амбасадор, додека соработката на Зендаја со брендот трае од 2020 година.
Под називот „Неочекувани чуда“, краткиот филм во траење од две и пол минути е сместен во Рим и се повикува на улогата на Хатавеј во остварувањата чија тема беа дијамнти - „Ocean's 8“ и „The Hustle“. Сите кадри се проткаени со допир на сензуална љубов.
Како изгледаат овие две актерски ѕвезди во кампањата, погледнете во продолжение:
Accept Rome’s heartwarming invitation and search for joy and wonder in every moment, gleaming beauty in the most surprising places — knowing that staying curious opens us up to an infinity of blissful opportunities. Discover #UnexpectedWonders, #Bulgari’s new Brand movie. #Rome pic.twitter.com/2pWdgMf6An
— Bulgari (@Bulgariofficial) May 24, 2022
фото: Принтскрин / Инстаграм