Звучи неверојатно, но е вистина: Во училиштата и факултетите ова ќе се смета за спорт

Звучи неверојатно, но е вистина: Во училиштата и факултетите ова ќе се смета за спорт

Објавена во: Совети // School zone

Што мислите за ова - супер идеја или е сепак премногу?

На кошарката, одбојката, тенисот и сите слични спортови во средните училишта и на факултетите низ САД од сега официјално ќе им се придружи уште еден спорт во кој студентите и учениците ќе може да се испробаат и дури натпреваруваат. Станува збор за Fortnite.

Fortnite е многу популарна видеоигра, како помеѓу средношколците, така и помеѓу студентите. Никој за ова не може подобро да посведочи од нивните родители. Изгледа дека и образовниот систем во Соединетите Американски Држави ја препозна оваа страст, па сега тамошните средни училишта и факултети ќе добијат можност да се натпреваруваат во сопствената Fortnite лига. Оваа видеоигра во неколку американски училишта и поединечни факултети ќе се смета за спортска активност рамноправна со рагбито или бејзболот, а сето ова е заслуга на една стартап компанија од Лос Анџелес, PlayVS, која ќе соработува со компанијата Epic Games, творецот на Fortnite и ќе основа лига во која ќе се натпреваруваат средношколците и студентите.


Од самите образовни установи не се очекува многу, бидејќи PlayVS ќе се погрижи учеството да биде пристапно. Се што би требало да направат гејмерите е да се пријават во составот на PlayVS, каде ќе им биде договорен меч. По завршувањеот на мечот, PlayVS ќе направи статистички преглед на резултатите, кој ќе им биде достапен на играчите, тренерите и љубителите на играта, како да станува збор за било кој спортски натпревар.


Мечевите ќе се играат во екипи во кои ќе има по два играчи и не постои ограничен број на тимови кои може да се претстават од една образовна установа. Најдобрата екипа ќе напредува низ фазите на натпреварувањето и ќе има шанса да го освои првенството. Повеќе од 13.000 сред ни училишта се на листа на чекање за да им се одобри учеството во Fortnite лигата, која ќе дебатира на 2 март, пишува хрватски Индекс.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: