Кристина Димитри повторно провоцира: Пејачката и овој пат успеа да ја „разгори“ фантазијата на следбениците
По новата песна со српскиот пејач и шоумен Гастоз, Кристина Димитри повторно ја „разгори“ фанатазијата на следбениците. Овој пат со фотографија од базен.
Имено, по провокативното видео за дуетот „Македонки“ во кое таа и Гастоз разменуват допири и бакнежи, Кристина уште една одлучи повторно да се разголи пред своите фанови.
Овој пат за своите следбеници на социјалните мрежи, таа направи фотографија од базен на која открива само онолку колку да ја поттикне фантазијата.
Во секој случај, се гледа дека Кристина и тоа како се грижи за своето тело за кое можат да и подзавидат многу девојки. А да не заборавиме дека и покрај се таа е и мајка на Давид, кој го има од бракот со Даниел Кајмаковски.
Браво!
Фото: КристинаДимитри/Инстаграм