Ми се исполни желбата од детството: Ламбе Алабаковски за музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“
Ламбе Алабаковски е еден од дванаестте изведувачи кои ги возобновија македонските патриотски песни и се наоѓаат на музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“. Тој ја испеа „Оган да го гори“, песна која ја обожавал од дете.
- „Македонијо во срце те носиме“ ми е многу драг проект и ми буди посебни чувства, како и сите проекти од ваков карактер. Секогаш кога сум дел од преработка на наши народни или обнародени песни, чувството на патриотизам е пуштено на најсилно. Оваа песна ќе речам мене ме одбра, а најверојтно поради фактот што ја слушам од мал, ја сакам и ја чувствувам како своја. Верувам дека со вакви врни професионалци како Продукцијата „Скендеровски“ и Николче Мицевски, овој проект ќе биде успешен. Ќе го потврди уште еднаш нашиот неспорен и оригинален идентитет на Македонија и Македонците како свој народ со вековна традиција – истакнува Алабаковски.
Носител на проектот „Македонијо во срце те носиме“ е Продукција „Скендеровски“, а целта е да ги возобнови најубавите македонски патриотски композиции, да го продолжи нивниот век и да ги приближи до новите генерации, токму во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво и песни во кои се крие вистината на нашата земја.
Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски пејачи од забавната и народната музика.
Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова. Списокот на песни го сочинуваат: „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име
имаме“...
С.А.Н