Пиев лекови за депресија секој ден: Зорана никогаш поискрена за проблемите со анксиозноста: „Не знам кога ќе дојде следниот напад“
Блогерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зорана, со своите следбеници на Инстаграм сподели детали од приватниот живот
Зорана реши отворено да проговори за депресијата и нападите на паника, со кои се бори и за кои зема лекови препишани од нејзиниот лекар.
- Сега овие лекови ги пијам само кога имам напад. Искрено, тоа се јаки лекови и не сакам да бидам под нивно дејство, поспана и слично во сите часови од денот. Секојдневно земав други лекови, кои се за депресија, како терапија, не те заспиваат или создаваат зависност. За жал, морав да престанам со нив, кога почнаа почесто да ми се случуваат напади на паника. Искрено, мојот живот беше многу подобар кога бев на тие лекови (тоа е антидепресив). Затоа планирам да престанам да ги земам овие поради анксиозност и да се вратам на нив. Многу е важно да не си препишувате лекови самите на себе си- напиша блогерката, откривајќи дека никогаш не знае кога може да ѝ се случи нов напад на паника:
- Никој не може однапред да знае кога ќе добие напад на паника, освен ако не ги измислува. Единственото нешто е што можете да знаете некои ситуации во кои веќе биле предизвикани. Нападите ми се случија, на пример, навечер пред да заспијам или кога возам ноќе, а никаде нема никој на улица – напиша таа на својот Инстаграм.
Извор: www.blic.rs