Три храбри девојчиња забележале непознат маж како ја држи нивната 6-годишна сосетка за рака: Веднаш ги вклучиле телефоните (ВИДЕО)
Три храбри 11-годишни девојчиња ја спасиле својата шестгодишната сосетка од обид за киднапирање во Кент. Се посомневале дека нешто не е во ред кога ја виделе со непознат маж.
На 16 јули, камион со сладолед влета во станбениот имот Ист Хил во Кент, привлекувајќи десетици деца на паркингот. Меѓу нив имало и три 11-годишни девојчиња кои забележале нешто алармантно.
Непознат човек ја држел нивната сосетка за рака. И покрај нејзината видлива желба да се ослободи, мажот продолжил цврсто да ја држи.
Девојчињата ги вклучиле камерите од мобилните, почнале да снимаат со телефоните и му пришле на мажот велејќи му да го пушти детето.
Мажот, подоцна идентификуван како Хајдер Албу Мохамед, тврдел дека го познава детето, но девојчето одмавна со главата, укажувајќи дека тој лаже. Кога девојчињата се приближиле, Мохамед го подигнал девојчето и се обидел брзо да замине. Три мали девојчиња постојано го следеа и бараа да ја пушти. На крајот ја спуштил и побегнал.
Тие ја вратиле во нејзиниот стан, каде родителите потврдиле дека мажот е странец.
Полициската управа во Кент брзо реагираше. Сведоците дале добар опис на осомничениот, што доведе до апсење на Мохамед. Тој беше обвинет за обид за киднапирање. Мохамед го имаше своето прво појавување на суд во средата, а судијата одреди кауција од 250.000 долари.
Полициската служба во Кент ги пофали девојчињата, велејќи: „Тие видоа како нивната пријателка и сосетка ја киднапираат и веднаш скокнаа за да ја спасат. Ние сме толку горди на вас!“