За една вечер заработи повеќе од 4.000 евра: По враќањето во Србија, на Бака Прасе обожавателите му уплаќале донации
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе одлично заработува од прегледите на својот Јутјуб канал, а сега се пофали и колку пари земал од донациите на своите обожаватели и тоа за само една вечер.
Популарниот јутјубер, кој на Инстаграм има милион следбеници, благодарение на кои ги склопил договорите со неколку компании и од тоа заработува навистина добро, значителна сума на пари зима и преку неговиот Јутјуб канал, каде има повеќе од 2 милиони следбеници. Бака Прасе само од прегледите на Јутјуб, месечно зима неколку илјади евра.
По смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ, Богдан на некое време се повлече од јавноста и ја напушти својата земја. По враќањето во Србија, тој одлучи и на уште еден начин да ја зголеми заработката. Почна да прави преноси во живо на платформата Јутјуб, каде што претплатниците му уплаќаат донации.
Кога видел дека почнале со уплати од по 20 и 50 евра, Бака Прасе бил среќен, но вистинското возбудување почнало кога почнал да добива уплати од 200 и 500 евра.
„Идеме, 200 евра, Лука 200 евра, Марко 200 евра. Повеќе од 2.500 евра. Што е ова? 500 евра. Гледајте го ова, 5.500 луѓе во 4 наутро“ - извикуваше Богдан во текот на преносот во живот.
Дека тоа не е конечна шифра, потврдил утрото, кога се разбудил и открил дека вечерта собрал 4.000 евра.
„Она кога ќе се разбудиш по најдоброто вклучување во живо, 130.000 луѓе, 5.500 во живо во 4 наутро, 4.000 евра донации, најдов нова девојка, ви благодарам на сите“ - напиша бака на Инстаграм.
Оваа заработка не ја зима тој во целост, туку ја дели со Јутјуб. Оваа платформа добива 35 проценти од донацијата, додека остатокот во џебот на јутјуберот.
Богдан во своите вклучувања во живо зборува за разни теми, па така во една прилика откри дека го запознал Вељко Беливук и откри како настанале приказните дека Веља Невоља му ударал шлаканици.
фото: Принтскрин / Инстаграм