10 години ми го светиш патот: Миа Костова со емотивна порака за роденденот на синот единец (ФОТО)
Повод за славење во домот на Миа Костова...
Една од најпознатите дами кај нас, инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова има повод за голема радост. Нејзиниот син единец, Андрија денес слави роденден.
Имено, инфлуенсерката на социјалната мрежа Инстаграм, јавно му го честиташе роденденот на својот син, споделувајќи стори преку кое му го честиташе роденденот.
„Ѕвездо моја. 10 години ми го светиш патот и кога е со дупки и кога не ми треба светло.
Те сакам од овој ден до бескрајот и никогаш назад!
Биди само здрав и жив, мама ти го чува грбот“ - напиша таа покрај фотографијата на која Андрија ги дува роденденските свеќички.
Интересно е да се напомене дека Андрија е роден на ист ден со еден од најбогатите луѓе на светот - Илон Маск, а тоа мама Миа го потенцираше во минатогодишната роденденска честитка.
фото: Принтскрин / Инстаграм