10-годишно момче воодушевува со талентот: Прави неверојатни колачи, а со заработката сака да плати за отстранување на лузната

10-годишно момче воодушевува со талентот: Прави неверојатни колачи, а со заработката сака да плати за отстранување на лузната

Љубовта кон колачите и тортите му ја всадил дедо му, кој го научил на рецепти, трикови и како да се движи во кујната.

Хоакин Нахуел има само 10 години и веќе има големи планови за иднината. Ова преслатко момче од Аргентина сака да прави десерти и, иако сè уште не може да биде професионален слаткар, почна да продава неверојатни колачи што ги пече во домашните четири ѕида. Неговата приказна станува уште поспецијална кога Хоакин открива на што планира да ја троши својата заработка. 

Боред Панда објавува дека кога имал седум години си играл со својот брат Фабрисио, доживеал трагедија - момчињата фрлиле алкохол на скарата, но пијалокот стигнал до жарот кој потоа се запалил и огнот ги зафатил и двајцата. Преживеале, но се здобиле со повреди. Особено Хоакин кој добил изгореници на 25 отсто од телото, па има голема желба да оди на реконструкција на лицето, за што му требаат околу 100.000 денари.

 Досега научил да прави крофни, колачиња, мафини, а знае и совршено да украси торта... Сето тоа го споделува на својот Инстаграм профил каде го следат речиси половина милион луѓе. За жал, момчето доживеало и онлајн вознемирување, па извесно време се повлече од социјалните мрежи, но по долго размислување решил да продолжи со она што го сака. „Одлучив дека ќе продолжам, нема да дозволам ништо или никој да го спречи мојот сон, ќе продолжам да се трудам да ја постигнам мојата цел“, напиша тој на Твитер. 

„Продолжете, борете се за она што го сакате, не дозволувајте никој да ве спречи“, рече тој.



Можеби ќе ве интересира: