10 работи што момците мислат дека ги знаат за девојките, а мислат погрешно

10 работи што момците мислат дека ги знаат за девојките, а мислат погрешно

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Постојат многу работи кои момците мислат дека ги знаат за девојките, а всушност немаат поим. Кога би ги прашале нив, тие би одговориле дека девојките им се потполно непозната приказна и дека се збунети кога се во прашање нивните „чудни“ проблеми и работи со кои се опседнати. 

На момците им е тешко да ги разберат девојките или да го сфатат нивното одесување. Сепак постојат заблуди за кои се уверени дека се точни, а всушност се потполно погрешни.

1. Уживаат во шопинг

Се разбира дека девојките се чувствуваат убаво кога ќе купат нешто ново, ама тоа не значи дека одат на шопинг ако добиле добра оценка или ако едноставно така им текнало. Девојките најчесто купуваат исто како и момците кога нешто им е потребно, иако мора да се признае дека на девојките почесто им се потребни нови фармерки отколку на момците.

2. Не се разбираат во фудбал

Затоа што се девојки не значи дека не ги знаат спортските правила или дека не може да се занимаваат со некој спорт. Има многу девојки на кои супер им оди спортот и девојки кои повеќе би сакале да гледаат фудбал или ракомет отколку некој романтичен филм. 

4. Секогаш им е важно да изгледаат совршено

Се разбира дека им е важно да изгледаат убаво, но сигурно не се оптеретуваат премогу со изгледот. И на девојките им се случува да излезат од дома со неизмиена коса или без маскара.

5. Дневно објавуваат барем по едно селфи на Инстаграм 

Можеби за некои девојки тоа е важно, меѓутоа повеќето од нив и не се баш луди по селфи фотките и лајковите на социјалните мрежи.

6. За секое излегување се подготвуваат со часови

Хммм... Ако е во прашање прв состанок или некој важен роденден, ова е  дефинитивно точно. Но ова правило не се однесува баш за СИТЕ излегувања.

7.Обожаваат романтични комедии

Не, не, не! Не се сите девојки романтичарки во душа и не гледаат сите романтични комедии. Секоја девојка е приказна за себе и секоја има различен вкус особено кога станува збор за сериите и филмовите.

8. Сакаат момците да ја платат сметката на првиот состанок

Ова е уште една гооолема заблуда. Да постојат и такви девојки кои ги искористуваат момците и уживаат кога тие постојано ги честат, но верувајте повеќето девојки се чувствуваат непријатно ако е момчето е тоа што постојано ја плаќа сметката.

9. Нивниот гардеробер е полн со розова и црвена облека

Да, така изгледал кога имале 6 години, се разбира дека сега веќе во нивните гардеробери не доминираат овие бои.

10. Плачат за секоја ситница

Помеѓу момците се шири мислењето дека девојките плачат и „се лигават“  за сè и сешто. Вистина е дека се малку поемотивни од момците (или тоа повеќе го покажуваат), но тоа не значи дека плачат за секоја ситница.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: