12 работи кои родителите треба да му ги кажат на своето дете за училиштето
Пред да започне со училиште важно е детето да биде воведено со новиот почеток кој го очекува, што е училиштето и што се случува таму. Покрај вообичаените разговори околу книгите, тетратките, ранците, облеката и сличните работи, важно е секое дете да ги знае овие работи поврзани со првите училишни денови:
# Учителката ќе очекува децата да седат 45 минути, колку што траат училишните часови. Треба да се разговара со детето што мисли за тоа.
# Во одделението се повеќе деца, а има само една учителка. Понекогаш децата може да го кажат своето мислење, понекогаш не. Во семејството децата секогаш добиваат големо внимание и членовите на семејството може во потполност да го сослушаат. Во училиште тоа не е така.
# Детето треба да се запознае со фактот дека времето за физиолошки потреби е планирано и дека од него се очекува дека јадењето ужинката или одењето во тоалет се извршува за време на одморите.
# Покажете му на детето дека сте тука за него, дека сте заинтересирани за неговите искуства, бидете му рамо за плачење кога е потребно и дајте му до знаење дека може да смета на вас.
# Учете го детето да биде самостојно и немојте да ги правите работите наместо него.
# Првите денови разговарајте и за тоа што има за домашно и дајте му да знаење тоа е негава работа. Оваа обврска знае да предизвика и револт, но мора ученикот да се навикне на тоа.
# Во ред е да му помогнете околу обврските, но никако не го преземајте товарот. Мора да најдете границата помеѓу помошта и завршувањето на обврските на детето.
# Бидете внимателни првото полугодие, додека детето се навикнува. Разговарајте со него и кажете му дека ви недостасува времето кога вие сте оделе на училиште.
# Немојте да го уверувате дека во училиште ќе му биде супер и дека веднаш ќе најде нови и добри пријатели. Понекогаш тоа не се остварува.
# Доколку поради нешто вашето дете не се чувствува добро пред другите деца, задолжително разговарајте на таа тема и надминете го тој проблем.
# Децата скоро секогаш се среќни што почнуваат со училиште, обидете се да го задржите нивниот ентузијазам поврзан со училиштето и учењето. Не го оптеретувајте со оценки.
# Прифатете ги сите реакции по враќањето од училиште - првите денови се навистина трауматични. Важно е во тој период детето да ја има поддршката од родителот.