3 работи кои детето ги наследува од мајката
Знаеме дека мајката неверојатно влијае на многу работи - од нашата интелегенција до однесувањето во романтичните односи. Иако е генетиката несомнено сложена работа, истражувањата покажуваат дека наследуваме некои специфични карактеристики и квалитети од мајката. Поради тоа без оглед на тоа дали личите на вашата мајка или татко, науката вели дека можноста да ги наследите овие четири работи од мајката е поголема:
# Интелигенцијата
Големото истражување на Универзитетот во Glasgow, во кој се прегледани повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, потврдило кои фактори влијаат на интелигенцијата. Најголемо влијание имала нивната мајка.
# Модели и навики за спиење
Доколку детето има проблеми со спиењето, можеби е поради неговата мајка. Истражувањето објавено во списанието „Sleep Medicine“ минатата година упатува на тоа дека мајките ги пренесуваат своите навики за спиење на своите деца и дека децата, чии мајки имаат проблеми со несоницата одат покасно да спијат и помалку се одмараат.
# Брзината на стареење
Иако ова не е важно кога сте млади, можеби ќе започнете да размислувате за својата мајка и начинот на кој стареете. Изгледа дека гените од нашите мајки влијаат на тоа. Научниците од Институтот Max Plank откриле ДНК од мотохондријата која ја наследуваме од мајките, а може делумно да го контролира стареењето.